Ја прегазил со огромна брзина и избегал - страшна несреќа ја потресе Виница

Несовесен возач со огромна брзина удрил во пешак и избегал, пренесува Канал 5. Според информациите на телевизијата, несреќата се случила ноќеска околу 40 минути по полноќ, пред влезот на Виница, близу комплексот од угостителски објекти.

Случајните минувачи кои биле сведоци на несреќата раскажале дека непознат возач со автомобил со голема брзина удрил во 58 годишната В.М. од виничко Лаки. Очевидците не можеле да ја утврдат регистрацијата и марката на автомобилот бидејќи било премногу темно, пренесува Канал 5.

Жената се струполила на улицата, а возачот ја зголемил брзината и избегал од местото на несреќата. Женатата веднаш била пренесена во кочанскиот Здравствен дом, а од таму, поради тешките телесни повреди, била пренесена на скопските Клиники. Полицијата трага по несовесниот возач.

најчитано сега