ВИДЕО: Премиерот на Норвешка возеше такси
Нoрвешкиот премиер Јенс Столтенберг помина еден ден како такси возач, а веста дури потоа им ја кажа на граѓаните.
Тој сакал да ги слушне вистинските норвешки гласачи, а според него такси-возилата биле една од ретките места каде што луѓето ги споделиле нивните вистинска гледишта, пренесува Би-Би-Си.
Премиерот носел очила за сонце и униформа на такси-возач, а не го откривал идентитетот се дури не го познале.
"Важно е за мене да слушнaм она што луѓето навистина го мислат", изјави Јенс.
"И ако постои едно место, луѓето навистина да кажат што тие мислат за повеќето нешта, тоа е во такси.", додаде тој.
09:30