Во Велешко откупени 90 проценти од тутунот

Во велешкиот регион, вклучувајќи ги и Градско и Чашка, деновиве привршува откупот на тутунот. Според Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, досега се преземени 90 проценти од планираните 1.300 тони, а просечната цена е 193 денари за килограм.
 
Откупот се врши во селата кои се најголеми производители: Бузалково, Иванковци, Чашка и Башино, од страна на „Центро Табак“, „Карвенс Балкан“, „Соко Таб“ и „Алијанса Уан“ кои имаат склучено договори со околу 1.300 производители.
 
Како што информира Вили Бочваров од Подрачната единица, за разлика од реколтата 2015, ланскиот тутун е со подобар квалитет што придонесува за повисока откупна цена. 
 
 
02.02.2017 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега