Мајка се породи па побегна од Гинекологија - лекарите го крстија бебето Богдан

На одделот за гинекологија и акушерство во општата болница во Врање,лекари и медицински сестри, со денови се грижат за машко бебе, бидејќи мајката веднаш по раѓањето побегала од болницата и го оставила бебето.

Овој случај е пријавен во полицијата и центарот за социјална работа во Врање, а бебето во меѓувреме стана вистински миленик на лекарите и медицинските сестри.

Вработените на бебето му го дале името Богдан, бидејќи неговото име и презиме сеуште не се запишани во изводот на родени.

Надлежните набрзо ја нашле мајката, и откриле кои му се родители, но засега, тие сеуште одбиваат да дојдат по него.

Бебето ќе остане во болница месец дена, а доколку не дојдат по него тогаш бебето ќе го превземат социјалните служби.- Пишува BLIC

 

 

 
 
02.02.2017 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега