ВИДЕО: Запознајте го Горан - единствениот Македонец кој сака на Марс
Повеќе од 100.000 луѓе од целиот свет се пријавиле за заминување во еден правец на Марс. Меѓу пријавените има и Македонци, Срби, Хрвати, Црногорци и Словенци, додека од БиХ се уште никој не се пријави, пишува Вечер.
Деветнаесет годишниот Горан Атанасов е единстениот Македонец кој се наоѓа меѓу 100.000 пријавени апликанти за еднонасочнен пат на Марс.
За себе вели дека е компјутерски техничар кој отсекогаш сакал да оди во Вселената. Го сака компјутерите и се што е поврзано со технологијата. Навел дека го интересираат комјутери, технологија, Андроид хардвер, софтвер и развој. Неговиот профил на вселенската програма Оне можете да го погледнете на следниот линк.
Приватниот проект Марс оне", чиешто седиште е во Холандија, предлага одбрана група од 40 потенцијални астронаути да биде објавена оваа година, со цел четири од нив во 2022 да бидат испратени со карта само во еден правец кон Црвената планета
Според првичните проценки мисијата би чинела околу шест милијарди долари. Организаторите на проектот Марс оне" се надеваат дека ќе соберат средства преку спонзори и со продавање на правата за емитување на проектот за колонизација на Марс од медиумските компании, вклучително и реални шоуа.
Никој од патниците нема да се врати на Земјата.