Серискиот убиец Горан наскоро излегува од затвор - се плаши цело село и полицијата

Горан Котаран, серискиот убиец од Босна, во 2006 година беше осуден на 16 години затвор, а сега претставува закана и за другите затвореници како и чуварите од казнено поправната установа каде е сместен.

Монструмот ретко контактира со други затвореници, сам е во ќелија, и околу него во соседните ќелии е буквално празно бидејќи никој не сака да ризукува да седи до него. Затворениците зборуваат и дека убиствата кои ги направил се само дел од она што се знае за него и дека тој крие уште тајни во себе. 

Неговиот татко бил познат како шеф на подземјето, а Горан кој еднаш бил во затвор, откако излегол бил на лечење, но залуно. Тој во 2006 година заедно со своите полубраќа по мајка, Мирослав и Борислав, е приведен под соменние дека го задавил 31-годишниот Предраг Врбан, со уште еден маж. Нивните тела ги сокрил во својот кокошарник.

Кога бил извршен претрес кај него полицијата нашла дрога и оружје, а при пресудата имал желба само да се лекува. 

Тој наскоро треба да излезе а цела Босна стравува о него. Познат е по кривични дела, убиства и деликвенција.

 
 
01.02.2017 - 08:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега