Иванов ги започнува консултациите - средба со претседателот на Уставниот суд

По вчерашната најава од кабинетот на Претседателот на Република Македонија дека претседателот Ѓорге Иванов ќе отпочне консултации со надлежни институции и политички партии, денеска Иванов ќе оствари средба со претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Никола Ивановски, потврдија за МИА од кабинетот на Иванов.

Вчера, како што велат, македонскиот претседател оствари средба со амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на Европската унија во Република Македонија, на која се разговараше за актуелната политичка ситуација во земјата, при што амбасадорот Жбогар ги пренесе ставовите на Европската унија во врска со ова прашање.

 
 
31.01.2017 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега