Иванов чека официјално известување од Собранието - ќе почне со консултации
По добивање официјално известување од страна на Собранието на Република Македонија, дали мандаторот има поднесено програма и предлог за состав на нова Влада на Република Македонија, претседателот Ѓорге Иванов ќе почне консултации со надлежните институции и политичките партии, велат за МИА од кабинетот на претседателот Иванов.
- Со оглед на истекот на утврдениот рок во членот 90 од Уставот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија е должно да го извести Претседателот на Република Македонија, дали мандаторот има поднесено програма и предлог за состав на нова Влада, е став од кабинетот на Претседателот на РМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа