Каде да го јадете совршениот бургер во Скопје?
Бургерите во последните неколку години навистина земаа огромен замав и претставуваат вистински хит во светот на кулинарството. Баш поради таа причина решивме да одвоиме време и да направиме посета на еден бургер ресторан во Скопје за чии бургери брзо почна да се зборува.
Сите од нас веројатно знаеме или имаме некоја слика во нас која што ни кажува како треба да изгледа еден совршен бургер.
Лоциран во Скопје на Бул. Гоце Делчев бр. 14 Локал II ЦЕНТАР – СУДСКА ПАЛАТА, FOOD Corner & Delivery е ресторан кој се фокусира на креативни бургери, гурмански помфрит и одличен избор на свежо подготвени салати и сендвичи. Она што ги прави ункани и поинакви од другите е токму посветенсота кон храната ,преку собирање на најдобрите бургер рецепти во едно, полека станува омиленото катче на љубителите на добра храна.
Сочно, ароматично месо кое се наоѓа меѓу посебното меко лепче, свежа салата која дава освежувачки момент и сосови приготвени од нула кои прават задоволството да биде целосно.
Уште од самиот почеток, FOOD Corner се наметна како урбано и иноватвно место. Менито на FOOD Corner & Delivery може да се пофали со девет видови на бургери, од едноставни класични бургери до гурманските Мек бургер, Хот чизи чикен бургер и добро препознатливиот и омилен бургер со сланина Корнер бургер.
Една работа која што е многу важна и мора да се потенцира, е тоа дека се е направено од свежи и високо квалитетни состојки.
FOOD Corner не застанува кај бургерите, на нивното мени може да се најдат разни видови на салати и превкусни сендвичи.
“Сакаме да бидеме сигурни дека ќе имаме да понудиме од се по нешто за секого. Нашата цел е секој што ќе влезе во нашиот ресторан да им раскаже на своите пријатели за нивното убаво искуство ” – изјави сопственикот на FOOD Corner со кого имавме можност да поразговараме.
Кога станува збор за салатите, тие вклучуваат од грчка, цезар, туна до рукола салата направена од свежи шери домати, пармезан суво грозје и разни видови на семиња.
Самата локација на ресторанот е погодна за многумина од вас да си го порачаат својот оброк за време на работните паузи или пак се во можност да го посетат ресторанот каде што покрај добра храна ќе може да испијат квалитетно италијаснко кафе од брендот Illy на нивната уникатно дизајнирана тераса.
FOOD Corner & Delivery работи од понеделник до петок од 08.00 до 17.00 часот, а врши и бесплатна достава за нарачки поголеми од 250 денари. Телефонскиот број за контакт е 072/ 226 - 124
Ваше е само да се јавите, а останатото препуштете го на вистинските професионалци!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа