Избеган затвореник од Идризово баран со потерница фатен при кражба

Министерството за внатрешни работи го фати 34-годишниот Н.Н. од Скопје кој се товари за извршена тешка кражба. Скопјанецот кражбата ја извршил во периодот од 27.06.2013 до 29.06.2013 година на подрачјето на град Скопје, при што се стекнал со вкупна  противправна имотна корист од околу 170.000 денари.

 Н.З. од 26 јуни е во бегство од затворот Идризово, а е баран со потерница. 

Н.З. отишол на улицата „Рафаело Батино“ до куќата сопственост на оштетениот А.Д. од Скопје, во која како потстанари живееле К.И. од Одеса, Украина   со сопругот К.А. при што украл 1.300 Американски долари, еден лап топ компјутер марка АСУС и разен позлатен накит во вредност од околу 200 евра. Тешката кражба ја сторил на тој начин што со употреба на маса која била оставена во дворот се поткачил до прозорот од дневна соба, а потоа ја подигнал пластичната ролетна и истата ја потпрел со алат- копач. Потоа со тврд предмет го скршил дуплото прозорско стакло се протнал низ отворот и влегол внатре во куќата каде извршил претурање и пребарување низ дневна, спална и детска соба, каде ги пронашол и украл наведените предмети, по што го напуштил лице местото по истиот пат по кој и влегол .

Тој е приведен во полициската станица во Кисела Вода, а на полицијата и е познат од претходно како сторител на кривични дела.

11:51

најчитано сега