Скопје инфо: Коневски води во трката за најуспешен градоначалник во 2016-та година
На сајтот на Скопје инфо беше отворена анкета за најуспешен скопски градоначалник. Учествувале над десет илјади граѓани во гласањето, при што моменталните резултати покажуваат водство на градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски со 26% од гласовите.

Она што е видливо е дека анкетата беше сфатена сериозно, па така градоначалникот на Центар Андреј Жерновски дури јавно апелираше да се гласа.
Очигледно засега не му помага неговата кампања, бидејќи согласно гласовите Коневски го води Жерновски за 7 проценти.
27.01.2017 - 15:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа