Голем пожар пепелоса две плевни во Тетово - 10 пожарникари 4 часа се справувале со пламените јазици

 

Вчера околу 11 часот избувнал пожар во Тетово, при што изгореле две плевни со околу 2.000 бали сено и околу 10 метри кубни огревно дрво. Објектите се во сопственост на Акики Акик и Зујќуфли Акик од тетовското село Горно Орашје.

По пријавата, шест противпожарни возила и 10 пожарникари веднаш пристигнале на местото на настанот за да се справат со огнената стихија, а пожарот бил изгаснат по четири и пол часови.

Полицијата извршила увид и работи на откривање на причините за избувнувањето на пожарот.

ФОТО: Сител

10:36