УЈП го продолжи рокот - важно потсетување, казните се големи

Управата за јавни приходи го продолжи за пет работни денови рокот за поднесување пријави за ДДВ и Годишни извештаи. 
 
УЈП информира дека крајниот рок за поднесување ДДВ пријави бил на 25 јануари и се продолжува до 1 февруари 2017 година, додека за Годишните извешти се продолжува до 7 февруари 2017 година.  

Од УЈП појаснуваат дека продолжувањето е согласно Законот за даночна постапка, во услови на масовно, а отежнато поднесување на даночни пријави и извештаи преку системот е-Даноци.

 
 
26.01.2017 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега