Несекојдневен настан во Скопје: Скопјанка се породи во автомобил пред Гинекологија
Млада скопјанка пред два дена се породила во автомобил на неколку метри од влезот на Клиниката за Гинекологија во Скопје. Трудницата успеала да стаса до пред Kлиниката со автомобил што го управувал, најверојатно, нејзиниот сопруг, но наместо во родилна сала, бебето не можело веќе да чека и се родило на задното седиште од автомобилот, пишува Дневник.
– Веднаш притрчавме да помогнеме и со количка ги изнесовме и родилката и бебето кое само што беше родено и плачеше. Жената ја примија веднаш лекарите во приемното одделение за итни случаи, по што ја префрлија во родилна сала. Ова не е првпат, пред само две недели уште една трудница од Скопје се породила во такси-возило кое ја носело на породување – за Дневник велат вработените на Kлиниката.
Потоа, биле превземени сите мерки за безбедност на родилката и бебето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа