„Државата на дело“ ќе го отвори францускиот кино-клуб во Скопје
Со премиера на филмот „Државата на дело“ на Пјер Шолер денеска во Скопје ќе биде отворен француски кино-клуб.
Отворањето на клубот е заеднички проект на Францускиот институт во Скопје и Кинотеката на Македонија. Во негови рамки секој месец ќе се прикажува по еден француски филмски хит.
Филмот „Државата на дело“ ја доби специјалната награда од жирито на Филмскиот фестивал во Кан во 2011 година, а е наградуван и на повеќе други фестивали. Главните улоги ги толкуваат Оливие Гурме, Мишел Блан и Забу Брајтман.