Температурите уште повеќе ќе паѓаат - доаѓа и снегот

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Утринската температура ќе се движи од -14 до -4, а дневната од -3 до 6 степени. 

Во Скопје утрото ќе биде магливо и студено, а преку денот умерено облачно. Утринската температура ќе се спушти до -11, а дневната ќе се искачи до -2 степена.

За време на викендот и во понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под -10 степени. Претпладне по одделни котлини и натаму ќе има појава на магла.

Во вторник и среда ќе има повремени врнежи претежно од снег со слаб, а на места со умерен интензитет. До крајот на следната работна недела дневните температури ќе бидат во опаѓање.

 

 
 
21.01.2017 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега