ЖАЛНА ВЕСТ: Почина славниот актер

Актерот Мигуел Ферер почина во четвртокот по борбата со рак на грлото, објави „C-B-S“. Ферер беше најпознат по улограта во серијата „NCIS: Los Angeles“.

– Актерот Ферер ја загуби битката со ракот и почина во својата куќа. Беше опкружен со семејството и со пријателите, вклучувајќи ја сопругата Лори, синовите Лукас и Рафи, браќата и сестрите – се наведува во соопштението.

1miguel

Ферер беше роднина со Џорџ Клуни, а неговиот татко беше добитник на наградата „Оскар“ и „Тони“, Џозе Ферер.

2miguel

Ферер глумеше и во „РобоКоп“ и „Ајрон мен 3“. Почина во 61. година од животот.

 
 
20.01.2017 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега