Експлозија во Париз - има повредени

Најмалку пет лица се повредени, од кои две се во животна опасност откако се урнаа два ката од зграда во предградие на Париз. Експлозијата се случи во зграда со три ката во Булоњ-Бијанкур, От де Сен, во Парискиот регион, пренесува дописникот на МИА од Париз.

На местото на инцидентот има многу пожарникари кои се уште се обидуваат да го изгаснат пожарот предизвикан од екплозијата.

Причина за експлозијата е најверојатно истекување гас иако француски медиуми јавуваат дека во зградата имало и градежни зафати.

 
 
20.01.2017 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега