МОН ги повикува надлежните институции да го расветлат случајот со објавување лични податоци на студенти

Министерството за образование ги повикува надлежните институции да го расветлат случајот за објавување на лични податоци на студентите од Машинскиот и други факултети на Универзитетот Кирил и Методиј.

Во продолжение го пренесуваме целото соопштение интегрално:

Во врска со случајот со објавените лични податоци на актуелни и поранешни студенти на Машинскиот факултет, но и на други факултети во состав на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Министерството за образование и наука апелира и ги повикува надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Дирекцијата за заштита на личните податоци да преземат соодветни мерки во насока на целосно расветлување на случајот, односно утврдување на причините за настанувањето на ситуацијата и посочување на соодветна одговорност за инволвираните.

 
 
20.01.2017 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега