МОН: Целосно да се расветли случајот со злоупотреба на лични податоци на студенти

Министерството за образование и наука (МОН) денеска ги повика надлежните институции целосно да го расветлат случајот со злоупотреба на лични податоци на студенти од Машинскиот факултет и други факултети на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ). 

 

- Во врска со случајот со објавените лични податоци на актуелни и поранешни студенти на Машинскиот факултет, но и на други факултети во состав на УКИМ во Скопје, МОН апелира и ги повикува надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Дирекцијата за заштита на личните податоци да преземат соодветни мерки во насока на целосно расветлување на случајот, односно утврдување на причините за настанувањето на ситуацијата и посочување на соодветна одговорност за инволвираните, стои во соопштението од МОН. 

 

 
 
20.01.2017 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега