Тажни детали за животот на Никола - матурантот кој го уби струја

Само што станал полнолетен граѓанин, Никола вчера трагично настрада од струен удар додека се туширал.

Инаку тој е роден 1998 година и бил примерен ученик во Електро ушилиште Никола Тесла каде сто требало да матурира.

Смртта на Никола ги погоди неговите сооученици кои имаа само пофални зборови да кажат за него.

- Ова е шок за сите нас, Никола беше предобар, спремен да помогне на секој. За неколку месеци требаше да матурираме и заедно да славиме. Целото училиште е потресено а посебно неговиот клас кој никогаш нема да го заборави- рече еден од неговите сооученици во класот.

 Никола живеел во Прва Кутина кај Нишка Бања . Погребот ке се одржи денес во 14 часот.

Веднаш по раѓање мајката на Никола починала а татко немал.

-Беше ситен и мал, го посвоивме кога имаше само две години. Ме усреќи и мене и мојата сопруга. СЕ правевме за да ги замениме вистинските родители.

Тој нè засака како татко и мајка, па дури и повеќе! - раскажуваат и потенцираат дека Никола знаел дека е посвоено дете и дека дури со нивна помош ги пронашол своите роднини, чичко му и сестрите. Редовно се дружеле и почитувале. Тие беа и гости на прославата на неговото полнолетство, во септември минатата година.

 Никола кај нив одеше и сам, сакајќи само да има врска со биолошкото семејство.

 

- Се би сторил за него, најмногу се радував кога ќе се вратев дома од работа, а тој ќе дотрча со желба да си играме. Се надевав на среќа, го одгледав како свој, а сега ништо не ни остана- раскажува очајниот човек

 

Сега, Славиша не може да се помири со фактот дека нивниот дом ќе остане празен.

 
 
20.01.2017 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега