Шок на Водици: Јован рипна по крстот со деветмесечното бебе во ледената река

Оваа година се случи необичен настан на големиот празник Богојавление-Водици во Србија, кој предизвика лавина од коментари, пофалби од една страна, критики од друга. 

Во Шабац, татко пливаше по светиот крст во реката Сава, со своето бебе во рацете.

Таткото малиот Јован Јанковиќ кој има само 9 месеци, облечено само во боди и капче, го внесе во студената река, за да го фатат светиот крст кој се верува дека ќе донесе среќа, здравје, радост и бериќет.

Инаку машките членови на семејството Јанковиќ традиционално учествуваат во пливањето по чесниот крст - браќата Иван (12) и Александар (17) и таткото Бранко (42).

Бебенцето во студената вода веднаш почна да плаче. И додека за едни Јован е голем верник кој го учи детето на обичаите, за други е несовесен татко кој внел бебе во ледена вода.

 

 
 
20.01.2017 - 08:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега