Срамен однос на СДСМ, се прифаќа и федерализација само за да ја заобиколат волјата на мнозинството Македонци

Аналитичарите на СДСМ отворено зборуваат за спроведување на федерализација во Македонија и охрабруваат коалиција меѓу СДСМ и ДУИ се со цел да се заобиколи волјата на мнозинството Македонци кои на спроведените изброи јасно кажаа на кому му ја даваат довербата.

По изјавите дека нема ништо спорно во тоа СДСМ да ја прифати Платформата потпишана од албанските партии, аналитичарот на СДСМ Сашо Ордановски со нов телевизиски настап во кој вели дека федерализацијата на Македонија е легитимна.

-Јас не сум против федерализација, јас само знам дека за тоа има процес политички кој кога би се покренала темата која потполно е легитимна мора да помине низ одредени законски, уставни можности. Редефинирањето на Македонија како државата од ова што сега е, бара промена на Уставот, вели Ордановски во емисијата „Патот кон“ на Алсат- М.

 
 
19.01.2017 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега