Уште една жртва од грипот

 

Грипот однесе уште една жртва и тоа во Ријека, пишува Novi list. Се работи за личност постара од 65 години која имала малигни заболувања и не била вакцинирана против грип. Вакцинирањето е бесплатно и се препорачува за луѓе над 65 години.

 Ова е трета забележана смрт со последици од грип во Хрватска оваа година.

 Бројот на заболени од грип во Хрватска е во пораст за 8.747 нови случаеви а вкупно 16.900 оваа сезона. 

Епидемиолозите предупредуваат дека грипот сеуште не го достигнал врвот и дека допрва следи зголемуванје на заболени од грип.

 
 
19.01.2017 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега