Две нови жртви на студот во Албанија

Уште две лица во Албанија починаа како последица од грипот, со што бројот на жртвите на оваа болест во земјата се искачи на седум, јави дописникот на МИА.

Министертвото за здравство на Албанија соопшти дека двете жртви се од повозрасни жени. Едната жртва, на возраст од 82 години, починала во болницата во приморскиот град Валона, додека втората на 71-годишна возраст им подлегнала на последиците на групот во болницата во југоисточниот град Корча.

Само пред два дена, како последица од грипот, кој предзвикал менингитис, во Универзитетската клиничка болница „Мајка Тереза“ во Тирана, почина двегодишно дете.

Првите два смртни случаи од грип беа регистрирани на 5 јануари. Освен детето, сите други лица поќинати лица боледувале и од некоја хронина болест, а заболеле од сезонскиот грип од типот А.

Во меѓувреме регистрирани се и две нови жртви од студеното време во Албанија, со што бројот на починати од студот во земјата се искачи на 11.

 
 
18.01.2017 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега