Турска делегација во посета на „Македонска пошта“ за услугата електронска трговија

Делегација на Турската пошта предводена од директорот на Секторот за меѓународни односи Џандан Шенјуз денеска е во посета на „Македонска пошта“ со цел да се отпочне со воведување на услугата „електронска трговија“.

Претставниците од Турција се сретнаа со генералниот директор на Македонската пошта, Фаадис Реџепи, со кого разговараа за имплементирање на оваа услуга, а во текот на денешниот ден ќе имаат и неколку состаноци со претставници на службите на „Македонска пошта“. 

Генералниот директор на „Македонска пошта“ истакна дека се подготвени за отпочнување на оваа услуга која ќе биде корисна за македонските граѓани.

Претставниците од Турската пошта ќе го посетат и Главниот центар за поштенски сообраќај ГЦПС Скопје 2, изменична пошта и неколку единици на поштенска мрежа.

Посетата на турската делегација следува по потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу генералниот директор на Македонска пошта, Фаадис Реџепи и генералниот директор на Пошта Турција, Кенан Бозгејик, во Истанбул во октомври 2016 година. Целта на Меморандумот е развој на електронската трговија, квалитет на услуга, поштенско - финансиски услуги, размена на информации и формирање на проектни групи помеѓу двете поштенски управи.

 
 
16.01.2017 - 19:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега