Актерката Јелена Јованова заштитно лице на парфем на Кокев

Познатата модна дизајнерка Тања Kокев го создаде парфемот аctress инспирирана од работата на актерите, особено инспирирана од својата миленичка, Јелена Јованова.

Во новиот Македонски народен театар во Скопје е снимен краток промо-филм кој трае 5 минути, а во главната улога се јавува токму Јелена Јованова. 

- Атмосферата на снимањето беше феноменална, само да посакате таков тим за снимање. Идејата ни беше да направиме краток филм по модел на светските модни куќи. Токму затоа и сакав Ацо Поповски ја режира оваа реклама, која ќе биде како кратко филмче. Со него целосно се разбираме и, што е уште поважно, максимално се дополнувавме во идеите - вели Kокев за Дневник.

Приказната во филмот е љубовна, во која младо момче е вљубено во актерката (аctress). Се прикажуваат нивните емоции пред и на нивната средба во театарот.

Според информациите на Kокев, ова е прв парфем во Македонија со потпис на дизајнер.

Парфемот комплетно е направен во Франција и ја добил дозволата да пишува made in France.

- Парфемот во основата ја има мирисната нота на розата, а на врвот циктус. Станува збор за совршен баланас помеѓу благото и свежото, нема доминација ни на едно ни на друго, туку се мешаат и чувствуваат во точна рамнотежа и двата мириса. Ова е модерен, но сепак романтичен, секси и елегантен парфем. Не се врзуваме со ниедна годишна доба, игравме само со свежината и благата нота на ружата - вели таа, за Дневник.

ФОТО: Факултети

14:27

најчитано сега