Жителите на Преспа по 60 години добија современ пазар

Од денеска и жителите на Преспа имаат современ пазар каде можат да пазаруваат.  Објектот е сопственост на инвеститорот Пеце Џуровски, а со него ќе стопанисува јавното комунално претпријатие „Пролетер“.

- Ова е историски чекор за Преспа. Добивме максимално функционален пазар, од затворен тип, со сите стандарди. Зафаќа 600 метри квадратни површина и има 100 продажни места кои ги задоволуваат хигиенските норми, рече градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски по пуштањето во употреба на објектот.

Градоначалникот Стрезовски изрази јавна благодарност до сограѓанинот Пеце Џурковски кој работи во Германија, а своите средства ги вложува во родниот крај.

Инаку, претходниот пазар во Преспа функционираше цели 60 години.

ФОТО: Плусинфо

14:03

најчитано сега