Иванов: Патот до браната Речани во завршна фаза
Граѓаните на Кочани на изборите дадоа поддршка за програма и проекти кои се реални, остварливи и со кои ќе се подобрат условите за живот на сите граѓани во Република Македонија, истакна на денешната прес-конференција Иван Иванов од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Иванов
-Еден од таквите капитални проекти е изградбата на браната на Оризарска река со придружни објекти и акумулација. Веќе е склучен договор и е во фаза на завршување пристапниот пат кој е во вредност од 3 милиони евра. Целокупната вредност на проектот е проценета на ококу 33 милиони евра и неговата реализација продолжува и во периодот што следи.
Со изградбата на оваа брана трајно ќе се реши водоснабдувањето во општините Кочани, Виница и Чешиново Облешево, како и ќе се овозможи наводнување на нови 1.500 хектари земјоделско земјиште.
Друг многу значаен проект за општината, но и за целиот регион е изградбата на експресниот пат Кочани-Штип. Ова ќе претставува едно современо патно решение во должина од 28 километри и ширина на патот од 12 метри со кое граѓаните ќе се поврзат со централниот дел од државата, нешто што уште повеќе ќе дојде до израз со изградбата на автопатот Миладиновци-Штип.
Патот ќе се град во две фази и тоа прва фаза Штип-Крупиште и втора фаза Крупиште-Кочани. Во декември минатата година е потпишан договор за изградба на првата фаза во должина од 13,3 километри, изведувачи ќе бидат фирмите Гранит и Бетон, а работите се очекува да започнат со почетокот на градежната сезона.
Вредноста на овој проект е проценета на околу 45 милиони евра.
Како досега, така и во периодот што следи, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде силна поддршка за вакви и слични проекти, со цел да го исполниме она што сме го ветиле во нашата предизборна програма. Ќе дадеме поддршка за проекти со кои се решаваат проблемите и се подобруваат квалитетот и условите за живот на граѓаните. Поддршка за проекти со кои Македонија ќе оди напред.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа