Иванов и Вујановиќ во Црна Гора разговараа за продлабочување на билатералната соработка
Претседателот Ѓорге Иванов вчера во Котор во Црна Гора, се сретна со претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ.
На средбата помеѓу македонскиот и црногорскиот претседател биле разменети мислења и информации за можностите за продлабочување на билатералната соработка, за процесот на евроатланските интеграции и за регионалната соработка. Иванов и Вујановиќ изразиле и задоволство од традиционално блиските и одлични политички односи меѓу двете држави.
Двајцата претседатели размениле мислења за актуелните случувања во регионот и го потврдиле интересот за продолжување на тесната соработка во рамки на меѓународните институции.
12:38