Италијанскиот Нострадамус: Aко овде два дена по ред паѓа снег, се ближи крај на светот

Пред повеќе од 500 години италијанскиот филозоф Матео Тафури предвиде дека крајот на светот е блиску ако во Саленто, град на југот на Италија, два дена со ред паѓа снег.

Сега, постои ризик дека пророштвото на Тафури ќе стане вистина, откако снег ја покри плажата во Саленто, пишува „Дејли мејл“.

Италијанскиот Нострадамус, кој живеел од 1492 до 1582 година, бил еден од најистакнатите јавни личности во регионот на Апулија за време на 16 век.

– Саленто со своите палми и лесен јужен ветер, снежен Саленто, но никога после допир. Два дена снег, два блесока на небото, знам дека светот завршува, но не брзам – запишал тој. ‘

Taфури бил лекар, вешт астролог и љубител на грчката и латинската книжевност. За време на својот живот, тој живеел и во Англија, каде го обвиниле дека е Лутеран. Тој се занимавал и со предвидување и ја предвидел смртта на Карло Петти. Откако го пуштиле од Англија, заминал за Ирска, каде го обвиниле за практикување на магија. За отфрлањето на овие обвиненија морало да интервенира и папата.

Снег во Саленто падна минатиот викенд, а училиштата во неколку градови на југот на Италија се затворени поради неподготвеност на таква количина на снежни врнежи.

 
 
12.01.2017 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега