Смартфоните се поопасни отколку што мислиме - новите истражувања велат дека го предизвикуваат овој синдром

Повеќето луѓе знаат дека предолгото гледање во смарт уредот е штетно, но новите истражувања покажуваат дека ситуацијата е далеку позагрижувачка, пишува списанието „БМЦ Офтамолоџи“.

Испитувањето е извршено врз 916 деца во Јужна Кореја, на возраст меѓу седум и 12 години, од кои дури 97 отсто користеле смартфони повеќе од три часа дневно.

Во написот се наведува дека кај децата кои прекумерно го користат својот телефон, се појавува синдромот „суво око“. А пак, кај оние кои еден месец биле лишени од своето омилено хоби, симптомите се повлекле.

„Суво око“ или ксерофталмија е состојба во која очите не солзат доволно, што предизвикува црвенило и иритација.

Кога „се џариме“ во таа волшебна направа, просто се случува да трепкаме поретко, што е причина за помала влажност на самото око.

 
 
12.01.2017 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа