Стапи на должност новата исландска влада

Новата исландска влада, предводена од премиерот Берни Бенедиктсон денеска беше инаугурирана, после долгите преговори за формирање на владејачка коалиција по изборите одржани во октомври 2016 година, јави ДПА.

Трипартиската коалиција ги вклучува конзервативната Партија на независност на Бенедиктсон, Партија на обновува и формацијата „Светла иднина".

Партијата на независност има шест министри во кабинетот, при што, еден од нив е Гудлаугур Тордарсон, назначен за министер за надворешни работи.

Партија на обновува доби три министерства. Нејзиниот лидер Бенедикт Јоханесон го наследува Бенедиктсон на позицијата министер за финансии, а лидерот на „Светла иднина"  Отар Пропе ќе биде министер за здравство.

Четири министерства ќе бидат водени од жени.

Владејачката коалиција располага со 32 пратеници во 63-члениот парламент.

 
 
11.01.2017 - 23:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега