Вознемирувачко: И покрај противењето на докторите - се породи сама со царски рез

Сара Тојер решила да учествува во своето породување и сама да го извади бебето од утробата. Откако што дознала дека е трудна по четврти пат, донела одлука да таа биде која прва ќе го допре своето бебе. 

- Откако дознав дека по четврти пат сум бремена веднаш си зацртав дека ако е возможно, активно да учествувам во својот царски рез. Четврти по ред. И тоа за среќа ми се оствари. Еве - вака го дочекав својот сакан син, напишала мама Сара во описот на фотографијата која ја објавила на страницата на  Birth Without Fear.

Тоа навистиа изгледаше породување без стра, па дури и покрај тоа беше и царски рез. 

Нормално, вакво нешто сигурно нема да стане вообичаена праксра бидејќи на оваа мајка не можеле да и ветат дека за време на операцијата ќе може да и го овозможат тоа. 

- Уште додека бев бремена на сите во болницата им зборував за мојата желба. Разговарав со бабиците, лекарите, сестрите и сите ми рекоа прво да го почекам денот кога ќе дојде до породувањето, биејќи се зависи од многу фактори. Посебно тимот кој тој ден е дежурен, а потоа дојде тој ден..., напишала храбрата мајка која тој славен ден го поминала 8 часа во болница шетајќи и со лекарите разговарајќи за својата желба. 

 

 

 
 
11.01.2017 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега