Отворен пункт за собирање донации за лицата бездомници

Пункт за собирање донации за лицата бездомници, на кои периодов поради ниските температури им е потребна дополнителна заштита и помош, од денеска ќе биде поставен пред Сити Мол.

Собраните донации на дневна основа ќе се предаваат во Прифатниот центар за бездомници на Црвен крст на град Скопје во Момин поток.

Како што информираат организаторите, пунктот е отворен денеска од 16:00 и ќе работи до 22:00, а утре и останатите денови ќе функционира од 10:00 до 22:00 часот.

Во листата на потребни предмети се наведени топла облека и обувки.

Пунктот е лоциран на инфопултот на Скопје Сити Мол на самиот влез од страната на ул. М.А.Н.А.П.О. (Карпош 3). За повеќе детали информации на 02 3217 012 или на 070 281

 
 
10.01.2017 - 17:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега