Град Скопје упати апел до скопјани - состојбата будно се следи

 

Поради најавените екстремно ниски температури во текот на наредните денови, Градот Скопје апелира до граѓаните, куќните совети и до сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска и да го исчистат снегот од приодите до нивните објекти.

 Доколку навреме не се исчисти снегот од приодите до објеките, постои можност од појава на голомразица што ќе го отежни движењето на граѓаните и извршувањето на секојдневните обврски.

 Зимската служба на Градот Скопје будно ја следи состојбата на терен и согласно надлежностите интензивно ги расчистува градските улици и булевари, плоштадите и приодите до јавните институции и згради.

 Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот.

 Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

 

 
 
05.01.2017 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега