ВИДЕО: Почна невремето на Балканот - температурите паднаа за 15 степени

Невремето кое го најавуваат метеоролозите го зафати источниот дел на Словенија, а според најавите на синоптичарите, вечерва ќе биде претежно облачно наместа со слаби врнежи

Околината на Љубљана попладнево беше зафатена од невреме со силен ветер и грмотевици, проследено со пад на температурите за околу 15 степени целзиусови.

Температурата падна до 24 степен. Тамошните метеоролози предвидуваат дека преку ноќта силен дожд ќе ја зафати Словенија, кој ќе престане утре претпладне.

На 3-ти август во главниот град Љубљана е забележана температура од 38,2 Целзиусови степени, што според официјалните податоци на тамошната метеоролошка служба бил најтоплиот ден во словенечката престолнина во последните педесет години. Досегашниот рекорд бил 37,6 степени.

Највисока температура е измерена во гратчето Чрномељ во покраината Бела Крајина во јужниот дел од Словенија каде биле измерени 40 Целзиусови степени, најмногу откако се мери температурата на воздухот во ова место.

09.08.2013 - 23:36

најчитано сега