Почина Ванчо Таковски

Денеска во попладневните часови, по кратко боледување, почина фудбалскиот работник Ванчо Таковски (1956-2013). Тој беше поранешен претседател на ФК Беласица ГЦ и поранешен член на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, јави Екипа
 
 
Во периодот додека тој беше претседател на тогашниот струмички прволигаш, излезе и златната генерација предводена од Горан Пандев, Ацо Стојков, Зоран Балдовалиев, Дени Масев, која учествуваше на турнирот во „Вијареџо“, каде потоа беа забележани Пандев и Стојков и направија трансфер во италијанскиот Интер.
 
 
Погребот на Ванчо Таковски ќе се изврши во недела, во 13 часот, на Градските гробишта Бутел во Скопје.   
09.08.2013 - 22:23

најчитано сега