Успехот на рекапитализацијата на грчките банки ќе зависи од враќањето 20 милијарди евра

Успехот на рекапитализацијата на грчките банки ќе зависи од враќањето на влоговите во банките во износ од околу 20 милијарди евра, кои граѓаните ги изнеле во странство или ги кријат дома, изјави денеска министерот за финансии на Грција Јанис Стурнарас во интервју за локална телевизија.

Тоа треба да им овозможи да ја обноват својата платежна способност по отпишувањето на грчките државни обврзници, што се наоѓаа во нивните активи, во рамки на програмата за преструктурирање на долговите на Грција кон приватни инвеститори, а исто така и на отпишување на сопствените кредити, што западнаа во категоријата- безнадежни долгови.

Според министерот Стурнарас, за рекапитализацијата на банките да постигне успех неопходно е враќање и на влоговите во локалните банки, пари што сега се чуваат под душек. Министерот процени дека оваа сума можеби изнесува и 20 милијарди евра. - Нема никаков ризик од „потстрижување“ на депозитите, уверува Стурнарас.

Грчкиот министер за финансии подвлече дека Грција треба да го засили својот извозен потенцијал, за да стане конкуретно способна. 

ФОТО: Фактор.мк

15:29

најчитано сега