Утре почнува „Скопје 2013“

Во организација на Град Скопје, Музејот на град Скопје и хотелот „Stone Bridge“,  утре ќе започне со работа 8-та по ред Меѓународна Ликовна Колонија “Скопје 2013“, а ќе се одржува до 21 Август во хотелот „Stone Bridge“.

Годинава на 8-та колонија на ќе учествуваат десет академски ликовни уметници, од различни генерации и од различни животни средини.  Тоа се: Христина Стојчевска, Љубица Мешкова Солак, Ирина Титиева, Мирјана Крстева Массетти и Димитар Солаковски, од Македонија, како и Карен Агамијан од Ерменија, Букурије Далладаку од Германија, Сара Ерика Марија Хедберг од Шведска, Симеон Панајотов од Бугарија и Зоран Чалија од Србија.

 

-Меѓу многуте активности на полето на културата, Градот Скопје го поддржува и одржувањето на Колонијата, што годинава се одржува во хотелот „Stone Bridge“, сместен во срцето на Старата скопска чаршија којашто според својата местоположба и многуте културно-историски споменици претставува место каде што од минатото, па се до денес се вкрстосувале и поврзувале различни цивилизации и култури, место со импресивно богато културно наследство, информираат од Град Скопје.

 

 

најчитано сега