Прозборе жената која си го фрли бебето во река: Еве зошто го направив тоа

Сузана Видаковиќ (31) од Зворник, осомничена за чедоморство, тврди дека родила мртво дете додека сама се обидуала да дојде до Брза помош. Во минатото веќе имала изгубено две деца. Поради шоко како што вели, слична ситуација повторно и се случила, иа бебето го фрлила во Дрина. 

- Едноставно се плашев. И со оглед на тоа дека првото бебе го изгубив во седмиот месец од бременоста, докоторот ни рече дека тоа бебе ќе го фрлат, ние тоа не го дозволивме, го земавме и го однесовме дома за да го закопаме. Во тој момент не бев свесна што правам. Да заплачеше бебето или да мрдаше никогаш не би направила такво нешто, рекла Сузана.

Соптугот на Сузана, Милан како што тврди, останал дома да ги чува своите две деца додека таа отишла на лекар. Вели дека не можела да помине низ истата ситуација која веќе и се има случено два пати. 

Телото на новороденчето, кое по породувањето во Зворник Сузана Видаковиќ го фрлила во Дрина, вчера подојавата на рибарите го пронашле тамошните пожарникарни екипи.  Телото веднаш било предадено на обдукција. Откако ќе се направи обдукцијата ќе се зане дали детето е родено мртво или мајката направила чедоморство. 

 

 

 

 
 
29.12.2016 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега