Српскиот пејач се бори за живот - ни семејството не смее да го види

Легендарниот српски пејач Мики јеремовиќ и понатаму е на апарати и се бори за живот. Тој завчера доживеа мозочен удар, по што 24 часа е под лекарски надзор на интензивна нега во болница во Белград.

Секако, критичната состојба на пејачот најмногу го потресе неговото семејство кое бдее над него. Синовите и ќерките, се надеваат дека тој ќе излезе од ова како победник. Загрижена е и неговата поранешна сопруга, Соња Ѓорѓевиќ.

- Никој не смее да влегува во шок собата освен лекарите, состојбата му е иста. Се потешко ни е особено бидејчи не можеме да го видиме, велат од семејството.

Сопругата со која помина 30 години во брак вели дека тој немал никакви сериозни здравствени проблеми.

Лекарите даваат се од себе.

 
 
29.12.2016 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега