Познат новинар пронајден удавен во река

Полицијата во вторникот околу 18.45 часот во Сава, на северниот брег пронајде безживотно тело.

Обдукцијата во Заводот за судска медицина и криминалистика утврди дека станува збор за Дарио Пленчa (62), поранешен уредник во неделникот Арена и Глорија, кој под мистериозни околности исчезна пред 10 дена.

Последниот сигнал од мобилниот е лоциран во Запруѓа, а неговата сопруга Жарка ги свртела сите можни броеви за да го пронајде и залепила плакати низ целата населба. Според првите информации, на телото нема знаци на насилна смрт, но обдукцијата треба да ја открие точната причина. Сопругата навела дека нема впечаток дека нешто го мачело деновите пред да исчезне.

Таа веднаш штом исчезнал се посомневала дека „над него е направено некакво злосторство“.

 
 
28.12.2016 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега