Намален бројот на работници во индустријата

Бројот на работници во индустријата во ноември 2016 година, во однос на ноември лани година, е помал за 0,9 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи пораст од 3.4%, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 1.3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.5%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.1%, додека пораст бележи кај Енергија за 3.0%, Капитални производи за 4.2% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.1%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - ноември 2016 година, во однос на периодот јануари - ноември 2015 година, е поголем за 0,2 отсто.

 
 
28.12.2016 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега