Вонредна временска прогноза: Доаѓа невреме во Македонија

Променливо и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи за утре најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Според вонредната прогноза на УХМР, ќе има изолирана појава на поинтензивни процеси во вид на невреме со пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и град.

В недела и понеделник во попладневните часови ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, но со послаб интензитет. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови пад на температурата за неколку степени.

09.08.2013 - 13:21

најчитано сега