ДИРЕКТОРОТ НА ПОЛИЦИЈАТА ОТКРИ: Знам кој ја уби пејачката Јелена Марјановиќ!

Убиството на пејачката Јелена Марјановиќ во Борча веќе со месеци е центар на вниманието поради својата мистериозност и суровост.

Полициската истрага не престанува и деноноќно работи на расветлување на овој случај.

Како што истакна директорот на полицијата Владимир Ребиќ, деталите од истрагата за убиството на пејачката не смеат да бидат изнесени, но полицијата поседува значајни докази и ниеден не е исклучен.

Бараме докази. Не смееме да погрешиме и да уапсиме некој кој не е извршител на тоа кривично дело, рече Ребиќ.

Ја препушта работата на полицијата, кога станува збор за убиството на Јелена Марјановиќ, но како што истакна тој ни една полиција не може да го реши случајот одма, а за комплицираните случаи, како што е овој потребно е време.

- Со време ќе го решиме и ова убиство, рече Ребиќ во утринската програма на телевизија „Пинк“.

Како што истакна, полицијата е сигурна дека знае кој ја убил пејачката, но дека е многу важно да се соберат повеќе докази.

-Лично, мислам дека знам кој ја уби, но ќе почекаме уште малку да собереме докази – рече директорот на полицијата.

 

 

 
 
23.12.2016 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега