Кочан-ладно на стартот на зимата: Ова се температурите утринава

Во Македонија утринава е сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Најстудено е во Берово со -9 степени, Куманово, Струмица, Демир Капија и Битола со -8 и Битола со -7.

Во Петровец Скопје утринава е измерена температура од -7 степени, во Дебар и Штип  -6, Маврово, Тетово и Скопје Зајчев Рид - 5, Пожаране, Лазарополе, Гевгелија, Ѓуриште, Крива Паланка, Прилеп и Крушево -4, Претор -3, Охрид и Тополчани -2 и Виница -1. Единствено во Дојран е изремена температура од нула степени. 

 

Денеска се очекува максималната температура да достигне од 3 до 9 степени. 

 

Управата за хидрометеролошки работи за утре најавува сончево време, а во западните делови со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти меѓу -14 и -6, а дневната ќе достигне од 4 до 10 степени.

 

Во следните денови под влијание на поле на висок воздушен притисок и стабилна воздушна маса времето и понатаму ќе биде стабилно и суво. Утрата ќе бидат ведри и студени со појава на слаба магла по одделни котлини. Преку ден ќе биде претежно сончево, а зголемена облачност ќе има во недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во благ пораст.

 

Во скопските општини според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање најзагадено е кај Ректорат со измерени 12,40 микрограми на м3 ПМ10 честички. Потоа следи Гази Баба со 165,46, Карпош 111,63, Лисиче 102,70, Центар 81,71 и Милиадиновци 51,46. 

Во Битола се измерени 147,50, Кичево 161,37, Тетово 88,32, Велес 36,28, Кочани 28,17, Кавадарци 163,56 и куманово 49,40 ПМ10 честички.

 
 
21.12.2016 - 08:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега