Детали за несреќата во Анкара: Покрај амбасадорот на Русија, ранети и други лица
Амбасадорот на Русија во Турција, Андреј Карлов е тешко ранет во напад со огнено оружје за време на отворање изложба на фотографии во Анкара, јавија турски медиуми.
Карлов е префрлен во болница, а во нападот се ранети уште неколку лица, јави Си-Ен-Ен Турк.
Нападот се случил на изложба со наслов „Русија во очите на Турците“.
Руски претставници изјавиле за весникот Хуриет дека нападот го извршиле најверојатно радикални исламистички терористи.
19.12.2016 - 18:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа