ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ со цврст државнички став - Извршниот комитет донесе проглас

 

Пред малку заседаваше Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и донесе проглас кој вечерва ќе го прочитам и ќе ги информираме сите чии очи се вперени во одбраната на деморкатијата во Република Македонија, проглас на ВМРО-ДПМНЕ, истакна лидерот на партијата Никола Груевски пред насобраниот народ пред седиштето на Државната изборна комисија.

Прво, ДИК донесе незаконски одлуки со цел изигрување на изборната волја на народот. Работата на ДИК се претвори во пародија. Имаме информации за вмешување на некои странски претставници во нивното работење, а со цел вршење влијание на некој од членовите на ДИК во правец на постизборен инженеринг и фалсификување на изборната волја ан граѓаните. Некои од независните претставници на ДИК, всушност не се независни.

Незаконските одлуки на ДИК може да ги корегира Управниот суд. Повикуваме, да не се врши притисок  на Управниот суд од никгоо. Доколку Управниот суд подлегне на влијанијата од страна и ги незаконските одлуки на ДИК и со тоа се одзеде победата на ВМРО-ДПМНЕ и се фалсификува слободно изразената волја на граѓаните на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ објавува дека нема да учествува во прегласувањето и нема да ги признае резултатите од тоа прегласување.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев нема да дозволиме да формира Влада со фалсификувана волја на граѓаните на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи функционирање на институции со фалсификувана волја на граѓаните и функционирање на институции кои го немаат легитимитетот на граѓаните на Република Македонија.

Второ, Државата мора суверено да ги носи  одлуките, некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата. Тоа мора да запре, остануваме отворени за комуникација со сите амбасадори и претставници на други држави, но некои амбасадори кои почнаа премногу да се мешаат во нашата внатрешна политика. Мора да престанат да го прават тоа.

Трето, ВМРО-ДПМНЕ во иднина нема да прифаќа нестандардни или хибридни решенија во било кој сектор доколку истите ги нема во другите земји членки на ЕУ.

Четврто, ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати и нема да дозволи кантонизација и редефинирање на државата под било какви услови или околности.

Петто, ќе се бориме за десоросоизација на Македонија и јакнење на независен граѓански сектор кој нема да биде под ничија контрола. Ќе се пристапи кон регулирање на областа на финансирање на фондациите и невладините организации по теркот на најнапредните демократии во светот.

ВМРО-ДПМНЕ и историски и во сегашноста и во иднина, била и ќе биде прозападно ориентирана партија нашата ориентација е членство во НАТО и ЕУ и стратешко пријателство со САД. Темелна вредност на НАТО, ЕУ и САД е демократијата  и овој проглас е проглас за заштита на демократијата во Македонија.

 
 
17.12.2016 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега