Јовановски до ДИК: Заев да излезе пред народот и да ја признае победата на ВМРО-ДПМНЕ
Само криминалците, само изродите, само безличните, само оние, што се криви, таму горе тие носат одлуки за овој народ, за оваа држава, за нашата татковина. Секој кој се плаши да донесе одлука во името на овој народ тој не заслужува да биде Македонец, истакна актерот Крсте Јовановски обраќајќи се пред насобраниот народ пред седиштето на Државната изборна комисија.
Велат дека ние сме го двоеле народот, кој го двои народот да ги прашам? Дали Никола Груевски кога ги купи автобусите ги двоеше на наши и ваши? Дали Никола Груевски кога вработуваше ги делеше на наши и нивни? Дали Никола Груевски ги двоеше пензионерите на наши и нивни, дали студентите ги двоеше? Велат дека со пенкало и тие гласале. Има една разлика мои браќа и сестри, нивното мастило е отровно, а такво пенкало има и тој горе, кој сака во овие три дена да ни ја земе победата.
Јовановски истакна дека се надева во блиска иднина Заев да излезе пред народот и да ја соопшти победата на ВМРО-ДПМНЕ.
-Тој кој е во служба на аболиран криминалец, простете ми не можам да му го изговорам името, затоа што неговото име е симбол за ѓавол, симбол за предавство, симбол кој не е наш и македонски. Се надевам дека тој горе за скоро време ќе излезе и ќе му соопшти на овој народ победата е наша и никој нема право на маса да ни ја одзема. Доста беше одземање . Оваа земја е библиска браќа и сестри, допрена е од божја рака. Да живее Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа